За тоа колку оваа здравствена криза ќе влијае врз македонската економија, на денешната панел дискусија Live Chat насловен како “Затоа што секој живот вреди” Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Доцент Тимчо Муцунски истакна дека вирусот ќе помине, здравствените проблеми ќе поминат, но економската криза ќе остане. На темата пак, вонредна состојба и дали би можело да дојде до злоупотреба на апсолутната моќ на власта, тој е вели дека сите политички ентитети, како и експерти од различни области мораат будно да ја следат секоја уредба со законска сила која излегува од владата.
-За жал, животот веќе не е ист. Ние сме де јуре во вонредна состојба веќе два дена, а де факто сме во вонредна состојба веќе подолг период.Неспорен факт е дека последиците од се ова што се случува, а според сите најави и ќе трае уште неколку месеци, ќе има сериозни последици по економијата. Јас воопшто не сметам дека треба да критикуваме за состојбите во здравството, туку фокусот како држава, како граѓани треба да ни биде да се обединиме во борбата против еден невидлив опонент, кој што може да наштети врз целата наша популација. Но, во делот на економијата треба да бидеме доста критични. Јас на една дебатна емисија пред две недели алармирав дека многу земји што во тој момент имаа пер капита помал случај на коронавирус, веќе имаа преземено конкретни мерки за заштита на приватниот сектор. Бидејќи убеден сум дека здравствениот проблем ќе помине, но импликациите кои што ќе ги имаме врз нашата национална економија ќе бидат големи. Ние спрема тој проблем треба да сме проактивни, а не реактивни. Ние веќе требаше да имаме конкретни мерки. Мерки за заштита на малите и средните претпријатија, за подобрување на општата ликвидност и така натаму. Со сите што разговарам од деловната заедница, сите се разочарани од владата која не презема конкретни мерки за спас на секторот, истакна Муцунски
Околу вонредната состојба и дали сето тоа ќе биде злоупотребено од страна на владата, Муцунски вели дека тој би бил крајно разочаран доколку носителите на власта си дозволат тоа. Но, за да се спречи такво нешто, политичките субјекти мора да вршат притисок, да бидат крајно критични и цело време да бараат транспарентност од владата.
-Ние немаме искуство од една ваква ситуација. Владата ќе ја има извршната власт и затоа клучно во овој момент е да имаме максимална транспарентност на тоа што ќе излегува од владата. Наша обврска како правници но, и како експерти од сите други области е будно да следиме се што излегува како уредба со законска сила од страна на владата и да алармираме, да ја алармираме јавноста за евентуална злоупотреба. Ова не би требало да го очекуваме, но кога ја имате таа акумулација на моќ, а апсолутната моќ некогаш значи и корупција, што значи наша обврска е да внимаваме и да не дозволиме ова да се претвори во некоја злоупотреба која што би можела да служи за нечиј личен профит, дециден е Муцунски.
Околу образованието, кое моментално е во прекин, Муцунски рече дека државата нема подготвено концепт за онлајн предавања и учење. Тоа е глобален тренд, но за тоа државата нема план.
-Тешко е дека оваа академска година ќе заврши на нормален начин. Има некои безплатни платформи што се нудат онлајн, еве јас веќе утре ќе одржам час со помал број на студенти користејќи таква платформа. Гледам денеска многу приватни универзитети веќе преминуваат на 100 проценти онлајн настава, но тие имаат и помал број на студенти и на кадар. Оваа ситуација треба да не научи на многу работи. Да станеме се повеќе адаптибилни кон некои трендови кои на глобално ниво се случуваат, посочи Муцунски.