Доктор Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше на емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5 каде ги истакна своите видувања за состојбата со корона вирусот.
Според него потребно е доследно почитување на препораките од Светската здравствена оргнизација која е тестирај, тестирај, тестирај или што повеќе се тестирани тоа подобро.
„Зошто тестирај, тестирај, тестирај? Со тоа ќе добиеме слика против што се бориме. Ние со малку тестирања велевме добри сме, а во меѓувреме се случуваше кризата во Италија. Во државава се врати дијаспората од Италија. Според мои податоци станува збор за околу 28 или 30 илјади луѓе кои се вратија, но тука не ги запишуваа, а мораше да има епидемиолошки скрининг“.
Или кај нас ситуацијата е ваква – волкот е влезен во трло со јагниња, зошто ние поинаку се однесуваме од Кинезите и полесно се шири.
„Кинезите кога доаѓаа и се шетаа како туристи во Европа, ние им се смеевме зошто носат заштитни маски. Кај нас свеста е поинаква и затоа сега мора да се искористи вонредната ситуација и за казнување за оние кои се шетаат, а препорака е седете дома. Кај нас луѓето се движат“, рече Николов.
Тој укажа на пример од Австрија каде следат казни ако ве сретнат на улица, а немате продукти за заштита во одредена вредност.
„Не знаеме како ќе се развива. Важно е да има телефон за пријавувања на лица кои се вратени од крзини зони со корона. Добро еве сега го има со задоцнување. Ова несомнено ќе ни го мсени начинот на функционирање. Кога беа терорситичките напади во 2001 година по нив ни се смени однесувањето. Еднсотавно се навикнавме да не носиме течност во авион, остри предмети. Сега можеби резулатот ќе биде електронско здравство, електронско плаќање и слично. Тоа ќе ни стане навика. Ќе мора да помименем на електронско функционирање, да станеме помалку емоционални при комуницирањето“, посочи Николов.