Во САД времено се запрени теренските работи околу пописот на населението поради опасност од ширењe на коронавирусот, изјави Стив Дилингем, директор на Бирото за попис на САД.
– Почнувајќи од денеска, теренските работи за реализација на Пописот на населението 2020 година се запрени на две недели, до 1 април, поради мерките за борба со ширењето на коронавирусот, се вели во соопштението.
Според Дилигем, бирото не паузира со работа за време на запрените теренски работи со пописот, а и ќе се занимава со оптимизација на својата дејност и со евалуација на веќе пристигнатите анкети.
Пописот на населението на САД започна пред неколку денови и бирото досега има примено 11 милиони пополнети анкети.
Исто така, други федерални агенции, како Федералното биро за истраги, исто така преземаат мерки за лимитирање на социјалните интеракции со цел да се забави ширењето на заразната болест.
Според „Џон Хопкинс”, водечки центар за медицински истражувања, заклучно со денешниот ден во САД од вирусот се регистрирани речиси 9.500 заразени лица, додека 150 починале.