Во Албанија потврдени се шест нови случи на заразени со корона вирус, со што вкупната бројка се зголеми на 70 лица.
-Во последните 24 часа направени се 35 тестирања,при што кај шест од нив покажан е позитивен резултат. Пет од нив се од Тирана и жена на 82-ве годишна возраст од градот Патос. Вкупно заразените до денес се 70 лица, информираше Мира Ракацоли заменик министерка за здравство и социјална заштита.
Најголем број од заразените или 50 лица се од Тирана, седум се од Фиер, пет се од Драч (заедно со починатата жена) по две лица од Љушња (едното е починато), Елбасан, Рогожина и Каваја и последниот случај во Патос.
Според Ракацоли во Инфектвната клиника во Тирана се хоспитализирани 35 пациенти, од нив тројца се на интензивна терапија,останатите, во моментот, се во стабилна состојба.
Таа уште еднаш апелираше до граѓаните, да ги почитуваат препораките на надлежните.
– Повторно апелирам посебно до повозрасните да не излегуваат туку да седат дома. Доколку имате симптоми на коронаврус или за итни случаи јавете се на бројот на националната ургентна служба 127,порача Ракацоли.