Градоначалничката на Битола со апел да не се излегува од дома

 Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во соопштение до јавноста порача до битолчани непотребно да не излегуваат од дома. Во јавниот апел, Петровска ги повика јавните институции и верските заедници да дејствуваат во рамки на своите надлежности и да се борат против Ковид-19.

-Сите јавни институции и верските заедници, координирано и навремено да делуваат во рамки на својата надлежност. Верувајте, ништо не е толку делотворно колку редуцирањето на движењето. Најдлабоко замолувам, не излегувајте без потреба, останете дома, порачува Петровска.

Од Општина Битола информираа дека продолжува координацијата и постапувањето согласно заклучоците од Владата. На терен се врши дезинфекција во училиштата, се дистрибуира информативен леток, а ЈП „Комуналец” продолжува со дезинфекција на улиците.

Во текот на денешниот ден, градоначалничката Петровска одржа состанок со првите луѓе на СВР Битола, претставници на јавните претпријатија, Советот за превенција и со претставници на верските заедници. 

Треба да знаете
Последни објави