Добри вести: Сите во Мекларен имаат негативни тестови за коронавирус

Вкупно седум вработени во Мекларен се негативни за коронавирусот, потврди екипата во Формула 1 во средата. Минатата недела 16 вработени во Мекларен беа ставени во карантин. Членовите на британскиот тим ќе останат во изолација следната недела за да го исполнат рокот од 14 дена. Тројца од директорите на Мекларен, исто така, останаа во Австралија поради безбедносни мерки. Пилотот на тимот, Карлос Сајнц, кој се врати дома, на својот профил на Твитер напиша дека неговиот тест за вирусот е негативен.

– Сè оди добро и ние сме во позитивно расположение, соопштија од Мекларен.

Претходно оваа недела, Британците објавија дека единствениот член на тимот со позитивен тест веќе нема никакви симптоми и се чувствува добро. Тој беше дијагностициран со коронавирус и тимот остана во карантин во Мелбурн, каде требаше да се одржи австралиското Гран При.

Првата трка од сезоната во Формула 1 2020 беше откажана, како и следните шест календарски трки. Така, почетокот на првенството ќе биде најрано во летото, кога треба да се одржи Гран при на Азербејџан на 7 јуни.

Треба да знаете
Последни објави