За 24 часа три нови жртви и 31 нов случај на коронавирус во Грција

Во изминатите 24 часа, три лица починале во Грција од коронавирусот, додека пак регистриран е 31 нов случај на Ковид-19 во земјата со што бројот на потврдени случаи достигна до 495 случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Претставникот за коронависрусот на Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас,  на денешната редовна прес конференција рече дека 90 лица се хоспитализирани, 20 се приклучени на апарати, а 19 се пуштени од болница.

Починатите, пак се мажи кои претходно имале здравствени проблеми.

Треба да знаете
Последни објави