Нетфликс и Јутјуб ќе го намалat квалитетот на стримингот во Европа за да се спречи блоката на интернетот

Нетфликс ќе го намали видеоквалитетот на своите содржини во Европа во наредните 30 дена за да не се преоптоварува интернет прометот, исто како и Јутјуб, бидејќи илјадници луѓе работат од дома.

-Ние ќе продолжиме да работиме со владите на државите членки и мрежните оператори за да го минимизираме стресот на системот, а истовремено ќе обезбедиме добро корисничко искуство, рече портпаролот на Гугл, во чија сопственост е видео платформата Јутјуб.

Со овој потег Нетфликс ќе го намали трошењето податоци за 25 отсто, но според нив, гледачите и натаму ќе имаат добар квалитет на сликата. Еден час видео со стандардна дефиниција троши еден гигабајт податоци, додека ХД форматот користи до три гигабајти на час. „Нетфликс“ има содржини и во ултрависока дефиниција 4К.

Тиери Бретон, комесар за внатрешен пазар на ЕУ, ги повика видео платформите да го намалат квалитетот на нивните видеа за да спречат преоптоварување на Интернет со толку многу луѓе што остануваат дома.

Треба да знаете
Последни објави