Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите во приватни куќи во кои се организираат забави и собири, со цел да спречи нивно одржување.
Како што претходно објави 24 Инфо, младите наоѓаат секакви начини за забава, па се собираат и во луксузни вили во Соње, Сопиште, Илинден, но и во Раштак и Радишани.Се изнајмуваат викендици како за прослави за родендени за 250 до 500 евра за вечер и се собираат по триесетина луѓе.
– Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите во приватните куќи и вили во кои се организираат забави и собири во општина Сопиште и во населеното место Соње, со цел да се преземат мерки за спречување на ваквите собири, се наведува во заклучоците од вечерашната владина седница на која беа усвоени серија мерки врз основа на препораките усвоени на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб задолжен за целосна координација во врска со спречувањето на внесување и ширење на коронавирусот.
Согласно оваа одлука, кон сопствениците на објектите и присутните лица во нив ќе се преземат соодветни законски мерки поради непочитување на мерките и препораките на Владата за справување со Ковид-19.
Владата, исто така, го задолжи Министерството за внатрешни работи, доколку е потребно, да изработи Уредба со законска сила, со која ќе се нормира донесената одлука за забрана во период од 14 дена за одржување настава и спроведување обуки и испити во испитните центри од страна на школите за обука за возачи