Девијд Фрост, задолжен за преговорите на Велика Британија за идните односи со Европската унија после Брегзит, е во самоизолација поради „полесни симптоми” кои би можеле да упатуваат на зараза со коронавирусот, соопшти денеска Даунинг стрит.
Главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние вчера соопшти дека е позитивен на коронавирусот.
Во британското соопштение не се прецизира дали Фрост се тестирал на вирусот.
– Дејвид Фрост има полесни симптоми и ги следи препораките за изолација, изјави портпаролот на Даунинг стрит.