Јужна Кореја денес регистрира помалку од 100 нови случаи на коронавирус, но здравствените власти се во приправост за нови заболени. Од недела, сите патници од Европа ќе бидат ставени во карантин 14 дена по пристигнувањето во Јужна Кореја, без оглед на симптомите, јавува државната новинска агенција Јонап.
Со откриени 87 нови случаи во четвртокот, вкупниот број на инфицирани во Јужна Кореја е 8.652, објави Корејскиот центар за контрола и превенција на болести (KCDC), забележувајќи дека дневната стапка на инфекција оваа недела е двоцифрена, освен во средата, кога се пријавени 152 нови случаи.