Австриската влада денеска донесе одлука ограничувањето на слободата на движење да се продолжи за уште три недели, до 13 април. Целта на одлуката е што повеќе да се намалат социјалните контакти на граѓаните за да се делува против ширењето на коронавирусот.
-Ова е маратон, издржете, порача австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Тој нагласи дека секој кој ги почитува мерките на владата спасува човечки животи.
-Не смееме да попуштиме. Мораме мерките што ги презедовме да продолжиме да ги применуваме. Свесен сум колку тоа откажување бара напор и затоа му благодарам на населението, подвлееч Курц.
Тој истакна дека Австрија е на вистинскиот пат и дека сите експерти ги фалат нивните преземени мерки, како и дека во меѓувреме и други земји ги презедоа истите мерки.