Општина Центар изврши дезинфицирање на тоалетите и ходниците во општинските бараки.
,,Здравјето на нашите вработени е еден од приоритетите во нашата работа. Утринава, со дезинфекционо средство, ги дезинфициравме тоалетите и ходниците во Општина Центар.
Општината во овој период работи со скратено работно време од 8:00 до 14:00 часот, предмети во архивата можат да се достават од 9:00 до 14:00 часот, а времено е прекината работата со странки.”- информира градоначалникот Саша Богдановиќ.