Министерството за здравство информира дека попладнево се дијагностицирани шест лица позитивни на коронавирус. Со ова вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76.
Во текот на денов, потврдени се и двајца сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште едно лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.
Како што соопшти вечерва Министерството за здравство, досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вечерва изјави дека вработен во МВР-информатичар од Одделот за информатика и телекомуникации, е меѓу заболените од коронавирус.
„Фокус“, пак, објави дека заразената кавадарчанка е началник на Одделение во болницата во Кавадарци, а нејзиниот сопруг е функционер во ЈП Македонски шуми. Нивната ќерка, пак, е вработена како наставник – дефектолог во основно училиште во Неготино.