Романската влада воведе нова, драконска мерка во борба против коронавирусот.
Владата одлучи да ги казни со затвор сите што не ги почитуваат донесените мерки.
Ако некој не ги почитува мерките на власта може да биде осуден на казна затвор до три години, а доколку со таквото однесување некој се зарази со вирус, тогаш му се заканува казна затвор до пет години.
Затворска казна до 15 години се предвидува за оној што ги повредил владините мерки, а неговото однесување довело до смрт на едно лице.
„Не можеме да прифатиме ако неодговорните луѓе се шетаат и со тоа ги инфицираат другите“, рече премиерот Лудовик Орбан.
Во исто време, романската влада ја повика својата дијаспора, која има околу четири милиони луѓе, да не доаѓа за Велигден.
Во моментов има 230 заразени во Романија, при што околу 3.800 лица се ставени во карантин.