Американската компанија „Епл” го ограничи до два, бројот на телефоните Ајфон што купувачите можат да ги порачаат во нејзините онлајн продавници во САД и во многу други земји, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Секој купувач може да купи најмногу до два телефона од ист модел.
Последен пат кога имало вакви ограничувања било во 2007 година, кога „Епл” за првпат го претстави револуционерниот паметен телефон. Компанијата тоа го стори да спречи телефоните да бидат купувани за понатаму да бидат препродадени за повисоки цени.
Во корпорацијата не го коментираат воведените ограничувања.
Као што е веќе извесно, поради пандемија на коронавирусот „Епл” во САД привремено ги затвори сите свои физички точки на продажба. Производите на компанијата сега можат да се купат само онлајн. Истото тоа го стори и конкурентот Самсунг.