Додека Хрватска и Бугарија очекуваат бројот на заразени со коронавирусот да се зголемува, беше одлучено најголемите концертно-спортски сали во Загреб и Софија да бидат претворени во привремени болници.
Загрепска „Арена“, изградена за Светското првенство во ракомет во 2009 година, од денес се претвора во мобилна болница , во која ќе бидат сместени пациентите со полесни случаи на ковид-19, а војската во неа ќе постави 300 кревети.
Во Хрватска досега има 128 заразени од коронавирусот, додека едно лице почина.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук објави дека и „Арена Армеец“ во Софија ќе биде трансформирана во болница. Во Бугарија беше прогласена вонредна состојба поради коронавирусот пред една недела, а бројот на заразени надмина 130.