За прекршување на превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, во Грција за една недела се уапсени 194 лица, во 184 случаи, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчката полиција, минатиот четврток почна со интензивни контроли, а прекршоци биле регистрирани во однос на забраните, одлуките и ограничувањата што се однесуваат на фризерски салони, фурни, слаткарници, продавници за гардероба, кафулиња, ресторани, таверни, цвеќарници, спортски игралишта и сл.
Според податоците од грчката полиција, прекршувања имало во цела Грција, а најголем број од регистрираните се во областа Атика, поширокиот регион Атина (74).
Во текот на вчерашниот ден, за 17 прекршувања, биле уапсени 20 лица, а од грчката полиција велат дека „со несмален интензитет ќе продолжат со контролите со цел да се заштити јавното здравје”.