Лионел Меси можеби, според многумина, е најдобар фудбалер на светот, но не и најскап. Со оглед на суспензијата европскиот фудбал поради пандемија на коронавирусот, во фокусот се многу ѕвезди кои се потенцијална мета на гигантите во летниот преоден рок, пишува „Марка”.
На листата на специјализираниот портал „transfermarkt” предничат имиња од Примера, Бундеслигата и Премиер лигата, а Аргентинецот се наоѓа дури на осмата позиција со цена од 140 милиони евра.
Прв на листата е Килијан Мбапе од ПСЖ кој е проценет на 200 милиони евра, пред Рахим Стерлинг од Манчестер сити (160 милиони евра), колку што е претпоставената пазарна вредност на Нејмар.
По нив следуваат четворица играчи кои „тежат” по 150 милиони евра и тоа Садио Мане и Мохамед Салах од Ливерпул, Хари Кејн од Тотенхем и Кевин де Брујне од Манчестер сити. Меси е осми со 140 милиони евра, а топ 10 го затвораат Антоан Гризман од Барселона и Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд со 120 милиони евра.