Британската телевизија направи ексклузивно видео од болницата во Бергамо, по барање на докторите да му покажат на светот со што се соочуваат и сите да сфатат дека мора да се изолираат, за да се стави крај на многуте умирања и епидемијата.Се претпоставува дека осминафиналниот меч од Лигата на шампионите Аталанта-Валенсија, одигран во Милано, е главен виновник за оваа лоша ситуација во која се наоѓа Италија.На осминафиналниот меч одигран во Милано допатувале 40.000 жители на Бергамо, што е скоро половина од вкупниот број жители на градот.