Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во дневникот на Сител телевизија посочи дека ВМРО-ДПМНЕ кризна состојба побара уште пред 7 или 8 дена затоа што според законот за менаџирање на кризна состојба подразбира степен поголема заштита на населението.
„Факт е дека согласно Уставот регулирани се вонредна и воена состојба. За тоа побаравме кризна состојба за да излезе полиција и војска на улица за да можеме да ги згрижиме и заштитиме граѓаните“, појасни Мицкоски
Мицкоски посочи дека секој човечки живот е важен и потребно е наместо владата да води пи-ар стратегии, да почне да се грижи за здравјето на граѓаните.
„За нас здравјето на граѓаните е пред и над се. Не ни требаат пи-ар стратегии и скапо платени советници коишто дури фондот кој што се користи е идентичен како партискиот фонд што го користи СДСМ. Нас ни е важен секој човечки живот да биде спасен, да биде негуван, за да можеме со што помалку последици да излеземе од оваа пандемија“, вели тој.