Најлош ден во Италија – За 24 часа починале 627 луѓе

Во Италија регистрирани се најлошите 24 часа во поглед на смртниот биланс на пациенти заболени од коронавирус.

Само за еден ден, починале 627 луѓе, што е најцрниот биланс откако започна пандемијата во оваа земја.

Вкупниот број на смртни случаи се искачи на 4.032.

Инфицирани се вкупно 47.021 лице. Дури 5.986 се новозаразени во однос на вчерашниот ден.

На интензивна нега се 2.644 пациенти.

Од вчера, бројот на смртните случаи од коронавирус во Италија го надмина оној во Кина каде избувна вирусот.

 

Треба да знаете
Последни објави