Од почетокот на октомври минатата година, заклучно со 15 март 2020 година, во Грција починале 94 лица од сезонски грип, согласно податоците од грчката Национална организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.
Во истиот период, кај 241 лице регистриран е серозен случај на грип, а 220 се хоспитализирани на интензивна нега.
Од смртните случаи на просечна возраст од 67,8 години, 55 се мажи, а 39 жени, додека пак 92,6 отсто, односно 87 лица се од високоризичната група граѓани за кои се препорачува вакцинирање.
Според седмичниот извештај за периодот 9 до 15 март 2020, регистрирани се четири нови смртни случаи, а едно лице било примено на интензивна нега.