Се очекува Србија да ја тргне забраната за извоз на брашно во земјава

Има доволно пченица во стоковите резрви и во млиновите. Границите за проток на стоки и трговија не се затворени. Нема потреба од паника, пазарот се снабдува во континуитет, рече денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски.

Според него, ако се процени дека има потреба, можно е да се воведат и интервентни мерки.

Министерот очекува деновиве Србија да ја тргне забраната за извоз на брашно во земјава под притисок на тамошните компании кои традиционално се присутни на македонскиот пазар.

-Од Србија може да се увезува пченица, нема забрана. Во меѓувреме очекуваме и деблокирање на забраната за брашно. Не треба да не загрижува ситуацијата. Не е побарано директно од нашите власти дозвола за извоз на брашно од Србија. Клучно е дека, според пораките на сите влади во ЕУ, економијата мора да продолжи да функционира, вклучувајќи го и снабдувањето на пазарите со храна, а ние сме традиционален увозник на брашно од Србија. Притисок за извоз прават и српските фирми кои се традиционално пристуни кај нас. Верувам дека ќе извршат притисок за тргање на забраната и дека тоа ќе го направат во наредните денови, истакна Димковски, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата на која соопшти дека земјоделските активности редовно течат и покрај вонредната состојба поради коронавирусот.

Димковски информира и дека се прават максимални напори за продолжување на ИПАРД 2-мерката за инвестици во земјодески стопанства која регуларно истекува за 15 дена. Во овој сегмент Министерството е во постојана комуникација со претставници од Брисел.

Треба да знаете
Последни објави