Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 256.879 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 10.540, а оздравеле 89.920 лица.
– Шефот за Организацијата за храна при ОН Дејвид Бизли е позитивен на новиот коронавирус.
– Си Ен Ен јави за благо опоравување на американската берза.
– Авионот од Кина, кој превезуваше над милион заштитни мерки за Чешка, слета денеска во Прага.
– Њујорк во сабота во 8 часот ги затвора сите фризерски салони, берберници, студија за тетовирање и слични деловни субјекти.
– Ер Канада привремено го отпушта кабинскиот персонал.
– Њујорк за две до три седмици може да остане без медицинските потреби, соопшти портпаролката на градоначалникот.
– Русија се залага следната недела да се одржи виртуелен самит на Г20, со цел најсилните светски сили заеднички да одговорат на пандемијата.
– Најголем број на новозаболени на Тајланд за еден ден – 27.
– Во САД во последните 24 часа има 4.500 новозаболени, јави Си Ен Ен
– Италија се соочува со најтешките моменти во историја, изјави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца, обраќајќи се на одборот во Националното здржение на лекари.
– Претседателот на Зимбабве Емерсон Мнангагва се заблагодари на Кина и на други држави на помошта која ја дале за таа земја, која се обидува да се подготвува за епидемијата на коронавирус. Кина ја финансираше обновата и надградбата на водечкиот центар за изолација и лекување во Хараре.
– Само неколку стотина верници се клањаа во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим, во споредба со околу 30 илјади, колку што обично присуствуваат на на верските обреди.
– :Чилеанскиот Конгрес донесе одлука за одложување за шест месеци референдумот за уставни измени. Гласањето требаше да се случи на 26 април, но поради досегашните над 300 случаи на заразени од коронавирус, референдумот е одложен.