Твитер го блокира акаунтот на потпретседателката на Венецуела одговорна за борбата против Ковид-19

Твитер ги блокираше акаунтите на потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, која ја предводи претседателската Комисија за борба против ширењето на Ковид-19, изјави министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаца, пренесува „Спутник“.

„Потпретседателката Делси Родригез ја предводи претседателската комисија против Ковид-19. Нехуманиот и невнимателен гест на Твитер ги ограничува акаунтите @DrodriguezVen и @ViceVenezuela, кои се извор на информации неопходни за луѓето од Венецуела во овие непредвидливи околности”, напиша Ареаца на Твитер.

Во моментот кога се обидувате да се префрлите на горенаведените акаутни на Твитер, се дава известување дека се привремено ограничени. Сепак, акаунтот на Родригез на англиски јазик е сè уште достапен за корисниците.

Венецуела досега има регистрирано 42 случаи на коронавирус, при што се потврдени шест нови случаи во текот на изминатите 24 часа.

Треба да знаете
Последни објави