Се работи за Жоржињо, кој моментално ја игра својата втора сезона во дресот на „сините“. Тој во летото 2018 година се пресели на „Стемфорд Бриџ“ на инсистирање на Маурицио Сари, кој исто така пристигна од редовите на Наполи.
Сега искусниот стратег е на клупата на Јувентус и сака уште еднаш да се обедини со италијанскиот репрезентативец со бразилско потекло. Сари е подготвен да го „жртвува“ Миралем Пјаниќ за да дојде до својот миленик. Босанецот долги години е еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во Италија, прво во Рома, а потоа и во Јувентус.
„Старата дама“ предлага директна трампа на двајцата фудбалери без доплата.