Синоќа околу 22 часот, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 55-годишниот Ј.С. од гостиварско Старо Чајле. При контролата на Државниот пазарен инспекторат во неговата кафитерија во ова село, биле затекнати шест лица.
Ј.С. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување на случајот денеска му е изготвен поднесок поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, додека објектот времено му е затворен.
Од воведувањето на мерки за спречување на ширење на коронавирусот, во гостиварско, за „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија” вкупно се регистрирани три вакви случаи.