Јовиќ потпишал документ според кој требал да биде 14 дена во самоизолација

Лука Јовиќ е еден од оние кои се најдоа на удар на критики поради непочитување на карантинот поради коронавирусот.Јовиќ неодамна од Мадрид допатува во Србија иако требаше да биде во карантин. Српскиот напаѓач во Белград допатува поради роденденот на неговата девојка, бил забележан и како шета низ градот иако требало 14 дена да помине во изолација.

Обвинителството во Белград поднесе и кривична пријава против него. Српските медиуми дојдоа до документот кој Јовиќ го потпишал при влезот во Србија и според него јасно се гледа требало да остане 14 дена во самоизолација и во Белград.

Треба да знаете
Последни објави