Договорот на Обамејанг важи до летото наредната година и ако има желба да си замине Арсенал веројатно ќе го пушти за да него изгуби бесплатно наредното лето.
Како што пренесува „Тутоспорт“ за услугите на Обамајагн се интересираат четири клубови, Манчестер Јунајтед, Интер, Барселона и ПСЖ.
Сите тие екипи ќе бидат во потрага по напаѓач на лето, а Обамејанг од друга страна изгледа како одлична опција бидејќи влегува во последната година од договорот.
Габонецот на лето ќе наполни 31 година, меѓутоа и покрај тоа се уште игра одлично сезонава до сега постигна 20 голови.