АСО:Осигурителниот сектор стабилен, донесени заклучоци за ублажување на влијанието на коронавирус

Осигурителниот сектор во земјава е стабилен, согласно последните добиени податоци заклучно со 31 декември 2019 година и спроведените вонтеренски супервизии на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, оцени Советот на експерти на АСО на денешната седница.

Во насока на  оперативно олеснување на работењето на друштвата за осигурување и останатите субјекти на пазарот на осигурување во услови на вонредна состојба, Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување донесе заклучоци со кои се одложува започнување  прекршочни постапки кон субјектите на супервизија и спроведување претходно планираните теренски супервизии на друштвата за осигурување и останатите субјекти на супервизија.

Меѓу заклучоците е и  овозможување флексибилност во доставувањето на редовните извештаи кои субјектите на супервизија имаат обврска да ги достават до Агенцијата во периодот на траење на вонредната состојба во државата, со можност истите да се достават во дополнителен рок од 30 дена од законски утврдениот роки.

На субјектите на супервизија им е наложено да ги преземат сите можни мерки за одржување на нивниот капитал  и солвентност  во насока на целосна заштита на правата на осигурениците, се препорачува субјектите на супервизија да се воздржат од распределба на добивката на друштвата во форма на дивиденда или други бонуси спрема членови на органи на управување, како и воздржување од трошење на средствата на друштвата на непродуктивни расходи, во периодот додека трае кризата.

Се препорачува друштвата за осигурување да бидат свесни за околностите во кои се наоѓаат клиентите и да постапуваат правилно со нив во текот на целиот циклус почнувајќи од побарување, купување на производот/услугата, и обновување договорот и се одложува организирање  обуки и испити за застапници во осигурување и осигурителни брокери.

Во соопштението се наведува дека, Агенцијата продолжува континуирано да ја следи состојбата и да презема соодветни мерки неопходни за намалување на негативното влијание врз стабилноста на осигурителниот пазар и заштитата на правата на осигурениците.

Агенцијата редовно ќе ја продолжи комуникацијата со Владата, Министерството за финансии, со осигурителниот сектор, Здужението на осигурители и Асоцијацијата на осигурително брокерски друштва во рамки на Стопанската комора и останатите релевантни институции и редовно ќе ја информира јавноста за преземање на нови активности и дејствија.

Треба да знаете
Последни објави