Бугарскиот Парламент одлучи да ја ангажира армијата за да помогне во спроведувањето на мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус, со мандат да употреби и сила ако е неопходно.
Вооружените сили ќе бидат мобилизирани за да им помогнат на цивилните власти со овластување да запрат возила и лица се додека не пристигне полицијата.
За мерката гласаа 89 пратеници, 55 беа против и двајца не беа присутни.
Бугарија има 129 потврдени случаи на Ковид-19 и тројца починати од заразата.
Државата прогласи вонредна состојба, затвори училишта, ресторани и кафулиња и ги забрани сите домашни и меѓународни патувања до 13 април.