Во Франција има 10.995 потврдени случаи со короноварусот, од нив 4.761 лице се на болничко лекување, од кои 1.122 се на интензивна нега, јави дописникот на МИА.
Бројките ги даде генералниот директор за здравје Жером Саломан, според кој досега од вирусот починале 372 лица, дури 108 смртни случаи за 24 часа, од кои 6 отсто се лица на возраст под 60 години.
Министерот за здравство Оливер Веран во интервју за париски Фигаро објаснува дека бројот на заболените е проценет на 20.000, со оглед дека Франција премина во третата фаза, нема повеќе систематски тестови.
Министерот за здравство, исто така, најави дека забраната за излегување ќе трае толку колку што е потребно.
Во однос за недостатокот на заштитни маски, Оливе Веран објаснува дека до 2010 година државата имала резерва од една милијарда хируршки маски и 600 милиони ФФП2. Но, по епизодата со грипот Х1Н1 од 20111 било оценето дека нема потреба од толку големи резерви. За жал никој не предвидел дека санитарната криза ќе почне во Кина. Франција ја почна кризата речиси без резерви на маски ФФП2 и само со околу 150 милиони хируршки маски. Во меѓувреме Кина подари еден милион маски, а од француските фабрики излегуваат шст милиони неделно. А според проценките на Франција и се потребни околу 24 милиони маски неделно.