ДПА предлага неконвенционален монетарен инструмент за кредитите на населението

Економскиот оддел на ДПА, предводен од Бардул Даути на прес-конференција посочи предлози за подобрување на монетарната политика во земјата и подобрување на секторите погодени од ситуацијата со корона вирусот.

Тој истакна дека фискалната политика во тешки услови за ликвидност во приватниот сектор нема потенцијал да генерира буџетски приходи како што тоа би било во нормални услови и дека е немоќна како оперативен инструмент за постигнување на ликвидниот баланс меѓу јавниот и приватниот сектор.

– Сметаме дека во овој случај монетарната политика која самостојна ја пракатикува централната банка, но ја координара Владата може да постапи поправедно со цел да се постигне макроекономска рамнотежа во насока на реструктуирање кредитите на граѓаните и деловни субјекти, со намалување на каматна стапка и доделување на три месечен грејс период за актуелните кредити или пролонгирање на плаќање на ратите додека трае вонредната состојба, рече Даути.

Според него преструктуирањето на банкарските кредите во непредвидливи случаи може да се направи преку неконвенционален монетарен инструмент.

– Односно вредноста на вкупните нови кредити и реструктуираните кредити на секторот зафатен од Ковид 19, да се смета како одбиток од главница чија основа е задолжителната резерва. Веруваме дека овој неконвенционален монетарен инструмент на централната банка во овој случај може да се искористи за поддршка економијата, граѓаните, а особено економските сектори погодени од Ковид-19, истакна Даути.

Исто така предлага врз лекциите на Словенија и Италија монетарната вредност на владините антикризни мерки да се движи од четири до девет проценти во однос на БДП.

Треба да знаете
Последни објави