Истрага во ЕУ за лажни производи против новиот коронавирус 

Европските регулаторни органи започнаа истрага за увоз на лажни производи поврзани со коронавирусот кои се неефикасни, па дури и штетни по здравјето, соопшти Европската канцеларија за борба против финансиски престапи ОЛАФ.

Во конфискуваните производи спаѓаат маски, медицински помагала, средства за дезинфекција и санитарни производи и тестови.

Во земјите на ЕУ лажните заштитни маски се продаваа преку Интернет за износ меѓу пет и 10 евра, што е околу трипати поскапо од вообичаеното.

„Покрај тоа што првенствено се неефикасни против вирусот, овие производи, исто така, не ги исполнуваат стандардите на ЕУ, потенцијално се штетни по нашето здравје. На пример, тие можат да предизвикаат опасна бактериска инфекција”, се вели во соопштението на ОЛАФ.

Овие лажни производи влегуваат во Европа преку онлајн продажба, пристигнуваат по пошта или курирска услуга, но и со контејнери со сертификати или имаат декларација за други производи. Потоа се наоѓаат во нормални канали за дистрибуција или на црниот пазар.

Треба да знаете
Последни објави