Суперesвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс во моментов ужива повеќе слободно време, поради прерано суспендирана сезона во НБА.
Лидерот на „езерџиите” ја искористи функцијата „видео во живо” на Инстаграм, која им овозможува на луѓето ширум светот да пишуваат и да поставуваат прашања во реално време.
Џејмс беше запрашан како се чувствува како играч на Лејкерс, а неговиот одговор беше: „Јас сè уште играм, човеку. Морам да ги задржам опциите отворени. Но, јас ќе ти кажам едно нешто во моментов. Не сакам да одам на друго место. Ќе бидам „езерџија” до крајот на животот”.