МДС бара мерки за заштита од коронавирусот на вработените во МНР

Кризниот штаб за справување со епидемијата на Ковид-19 на Mакедонскиот дипломатски синдикат преку соопштение информира дека на својот прв виртуелен состанок одржан денеска, донел одлуки со кои што бара од раководството на МНР повеќе мерки за заштита на вработените во Министерството.

Како што се наведува во соопштението, се бара од МНР да се придржува до Законот за административни службеници и да го почитува членот 73 став 19 за придржувањето кон Законот за административни службеници во делот на заштита од болест, безбедност и здравје при работам да преземе мерки согласно Одлуката на Владата за изменување и дополнување на Одлуката за спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19, значително да се редуцира присуство на вработените во МНР на минимално неопходниот број, се додека трае епидемијата при што е можно да бидат употребени модалитети на дежурства, ротации и работа од дома за оние служби каде што тоа е возможно.

– Најитно да бидат поделени заштитни средства, како што се ракавици, маски и сл. на вработените. Вработените што ќе доаѓааат на работа да бидат прераспределени така што ќе бидат сместени во што помал број во канцелариите, а секаде каде што има можност и сами. Имајќи го ризичниот фактор во дипломатската професија предвид, на влезовите во МНР да се постават термални камери за проверка на температура, односно можната заразеност со вирусот Ковид-19, се наведува во соопштението.

Кризниот штаб, се додава, бара од раководството на МНР сериозно и одговорно однесување, бидејќи не постои поголема вредност од човечкиот живот. Доколку се продолжи со оглушувањето на нашите барања, предупредуваме дека секој случај на влошување на здравјето на вработените ќе повлече барање за лична одговорност, наведуваат од МДС.

Треба да знаете
Последни објави