По Барние, со коронавирусот заразен и британскиот преговарач за Брегзит

Девијд Фрост, задолжен за преговорите на Велика Британија за идните односи со Европската унија после Брегзит, е во самоизолација поради „полесни симптоми” кои би можеле да упатуваат на зараза со коронавирусот, соопшти денеска Даунинг стрит.

Главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние вчера соопшти дека е позитивен на коронавирусот.

Во британското соопштение не се прецизира дали Фрост се тестирал на вирусот.

– Дејвид Фрост има полесни симптоми и ги следи препораките за изолација, изјави портпаролот на Даунинг стрит.

Треба да знаете
Последни објави