Почина кошаркарската легенда Бора Станковиќ

Легендарниот кошаркар и долгогодишен функционер на ФИБА, Бора Станковиќ почина денеска во Белград на 95-годишна возраст.
Беше еден од основачите на белградска Црвена звезда, репрезентативец на поранешна Југославија и играч кој го постигна првиот кош во историјата на Светските првенства (СП 1950 во Аргентина).
Со Црвена звезда освои три шампионски титули по што ги облече дресовите и на белградски Железничар и на Партизан. Со југословенската репрезентација учествуваше на СП во Буенос Аирес по што го формираа ОКК Београд.
Станковиќ беше генерален секретар на Светската кошаркарска асоцијација во периодот од 1976 година до 2002 година, беше член и на Интернационалниот олимписки комитет и член на Куќата на славни во Спрингфилд од 1991 година.
Треба да знаете
Последни објави