Словенечката Влада одлучи прес конференциите од денеска да се одржуваат без физичка присутност на новинарите, јави дописникот на МИА до Љубљана. Целта, според владината прес служба, е да се намалат шансите за ширење на коронавирусот.
Според одликата, неколку пати дневно владините претставници ќе имаат обраќање од прес центарот на Владата со директен пренос на државната Телевизија Словенија, а таа на сите други медиуми ќе треба бесплатно да им ги стави на располагање целиот аудио и видео сервис.
Новинарите сите прашање ќе можат да ги поставуваат по електронска пошта.
Ваквиот начин за комуникација со јавноста ќе се применува додека за тоа има потреба, објаснија од Владата.