СЗО извести за рапидно ширење на Ковид-19

До 19 март, 209.839 луѓе во светот се заразени со новиот коронавирус (Ковид-19), а починале 8.778 лица, информира Светската здравствена организација (СЗО) во својот дневен извештај за состојбата, пренесува ТАСС.

Организацијата посочи на брзото ширење на болеста, при што бројот на заразени лица се зголеми за 100.000 во изминатите 12 дена.

„Бројот на потврдени случаи во светот надмина 200.000. Потребни беа три месеци за да се достигнат првите 100.000 потврдени случаи, а само 12 дена да се достигнат следните 100.000“, се вели во билтенот.

СЗО објави дека во изминатите 24 часа, бројот на зарази со КОВИД-19 во светот се зголеми за 16.556, а бројот на пријавени смртни случаи се зголеми за 828. Најголем број случаи на коронавирус се документирани во Западниот Пацифичкиот регион (92.333 зарзени , 3.377 смртни случаи).

Во Европа има 87.1108 потврдени случаи со КОВИД-19 и 4.084 потврдени смртни случаи, со дневно зголемување од  10.221 заразени лица и 591 смртни случаи.

Кон крајот на декември 2019 година, кинеските власти ја известија СЗО за појава на претходно непозната пневмонија во градот Вухан, централна Кина. На 11 март СЗО официјално ја карактеризираше ситуацијата со новиот коронавирус КОВИД-19 како пандемија.

Треба да знаете
Последни објави