Како држава се соочуваме со сериозен предизвик каков што е коронавирусот, но само со заеднички сили и сплотени овој предизвик успешно ќе го надминеме.
Преземени се сериозни и ефикасни мерки за заштита од коронавирусот, сите здравствени институции и целиот здравствен кадар е мобилизиран, воведени се низа мерки кои ќе обезбедат спречување на ширењето на вирусот, ќе се санираат економските последици.
Но, за ефикасна борба и побрзо надминување на состојбата предизвикана од коронавирусот мора сите доследно и целосно да се придржуваме до препораките на Владата и на Министерството за здравство.
Ги повикуваме граѓаните да не ги напуштаат своите домови доколку не мораат, да не се групираат, да внимаваат на хигиената…
На тој начин ќе се заштитиме себе си и своите најблиски, ќе дадеме значаен придонес во надминување на состојбата со коронавирусот, но и ќе им помогнеме на здравствените работници кои беспоштедно се жртвуваат за здравјето на сите граѓани.
Здравствените работници се на првата борбена линија, искажуваме огромна благодарност за нивната професионалност и пожртвуваност, а наше е преку одговорно однесување и почитување на препораките да им ја олесниме работата и да им помогнеме.