Ерлинг Холанд е специјален талент и човек, а неговата работна етика го сместува меѓу најдобрите фудбалери во светот, изјави неговиот поранешен тренер во РБ во Салцбург – Џеси Марш. 19-годишниот Норвежанец направи име со австрискиот тим, а по неговиот трансфер во Борусија Дортмунд, тој стана и едно од големите имиња во фудбалскиот свет.
– Тој е многу посебна личност. Секој веќе има видено каков талент има Ерлинг, сте ги виделе неговите физички способности и неговата брзина, што сами по себе го ставија во групата на најталентираните фудбалери во светот. Додадете ја на сето тоа неговата желба да биде успешен , неговата работна етика на тренинзите, неговите технички вештини и колку вложува, за да биде најдобрата можна варијанта на себе, изјави Марш за „Планет Фудбал Подкаст”.
Холанд постигна два гола против Пари Сен Жермен за победата од 2: 1 во првото осминафинале во Лигата на шампионите, но Германците на крајот беа елиминирани од турнирот по 0-2 на „Парк де Пренс”.
– Ерлинг ќе мора да се справи со многу тешкотии пред себе. Тој исто така ќе мора да се справи со славата. Тој гори од желба на теренот и сака да донесе победи на својот тим. Ова го видовме против ПСЖ, но тој самиот го виде одговорот на Французите на неговите голови од првиот натпревар и нештата што ги објавуваа на Инстаграм. Ерлинг има само 19 и ќе прави грешки, нема како поинаку. На крајот, сепак, тој секогаш сака да биде најдобар, и тоа е вреден квалитет што јас не сум го видел досега, смета тренерот на РБ Салцбург.