Австриската Влада одвои 22 милиони евра за медицински истражувања заради што побрзо наоѓање лек и вакцина против коронавирусот, соопшти денеска на прес-конференција австриската федерална влада.
– Најефикасна борба против коронавирусот е истражување што ќе придонесе за пронаоѓање на лекови и вакцини, рече министерката за економија и дигитализација, Маргарет Шрамбоек.
Според Министерството за здравство и социјална помош, досега се заразени 2814 лица во Австрија. Извршени се 18545 тестови. Девет лица се излекувале, а осуммина починаа. Во Виена 350 лица се заразени.
Нагласувајќи ја важноста на спроведувањето на строгите владини ограничувања за движење и собирање што ќе траат до 13 април, австрискиот канцелар Себастијан Курц за приватната телевизија Ое24 изјави дека ситуацијата не може сама да се подобри, туку со строга и доследна примена на мерките на претпазливост и целосно намалување на физичките социјални контакти. на јавен простор и оддалеченост од најмалку еден метар.