Целиот свет се бори со глобланата пандемија, обединет и сплотен во интерес на здравјето на граѓните.
Додека нашите надлежни институции вложуваат надчовечки напори и целосно се ставени во борба против коронавирусот, ВМРО ДПМНЕ со полна пареа шири лаги и дезинформации.
Тоа е крајно неодговорно, со лажни вести да создава паника кај граѓаните наместо да се помага на надлежните институции во борбата против коронавирусот.
Како да не им се доста нарачаните лажни вести коишто ги шират медиумите под нивна контрола, функционерите на ВМРО ДПМНЕ лично се придружија на екипата “лажни вести”, па своите лаги ги шират преку официјални прес конференции, изјави, фб статуси.
Ниту најголемата глобална пандемија и маката на граѓаните, не ги спречува извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицковски, Антонио Милошоски, Александар Николовски и други да се однесуваат неодговорно и да шират лаги.
ВМРО ДПМНЕ дури доби и шлаканица од ООН кои јавно ги демантираа лажните вести на Александар Николовски и ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, неодговорно, несериозно, лажно, на штета на државата, на штета на граѓаните, на штета на најскапоценото – здравјето на луѓето.
Ситуацијата којашто денес ја живееме сите, e крајно сериозна и бара сериозно, одговорно однесување и заедничко делување за заштита на здравјето на граѓаните.
Не е време за политички поделби и неосновани обвинувања.
ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски треба да разберат дека злоупотребата на маката на граѓаните, на нивното здравје нема да им донесе политички поенти.
Време е да се покаже зрелост, лажните вести да прекинат а институциите да се остават да делуваат.
Крајно време е и ВМРО-ДПМНЕ да се престрои на страната на граѓаните и да придонесе колку може, да помогне наместо да одмага.