Владата на Република С. Македонија на својата денешна попладневна седница одлучила да воведе полициска час во периодот од 21 часот па до 6 часот наутро.
Со оваа мерка ќе се ограничи движењето и ќе им се помогне на граѓаните повеќе време да минуваат во домовите според препораките на здравствените власти во борбата против ширењето на коронавирусот.
-Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот.
Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час).
Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!
Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата, напиша на фејсбук премиерот Спасовски.