Напаѓачот на шпанскиот фудбалски првак и лидер во Примера која е ставена во мируавње поради коронавирусот, Барселона, Луис Суарез зборуваше за времето на закрепнување од повредата на менискусот од десното колено.
– Идејата да се вратам на теренот порано постоеше долго време, а во прилог на тоа е и последната контрола. Докторот ми кажа дека сè добро функционира кај мене и ова ми даде надеж дека ќе можам да се вратам што е можно поскоро. Кога екипата ќе се врати по паузата поради коронавирусот, ќе бидам подготвен да играм, изјави Суарез.
Се претпоставуваше дека ќе Уругваецот ќе биде подготвен до почетокот на мај, но веројатноста е голема дека тој порано од овој термин ќе се врати на терените.
– Направив добра работа, го исполнив тоа се бараше од мене, и ова ми даде сила да се вратам порано од очекуваното. Во врска со пандемијата на коронавирус, треба да преземеме мерки на претпазливост и да разбереме дека луѓето сега не чекаат фудбалски натпревари, туку можност да излезат од дома без страв, да одат во парк со деца, повторно да уживаат во животот, истакнува фудбалерот на Барселона.