Властите во Турција ги засилија мерките против ширењето на коронавирусот со суспендирање на летовите со уште 46 земји, а меѓу нив е и Северна Македонија.
Минатата недела, случаите на изаразата дневно се удвојуваа.
Од денеска се суспендирани летови до и од Мавританија, Алжир, Судан, Ангола, Филипини, Молдавија, Црна Гора, Бангладеш, Украина, Тунис, Полска, Португалија, Оман, Узбекистан, Северна Македонија, Турција, Северен Кипар, Монголија, Камерун, Тајван, Канада, Словенија, Чад, Колумбија, Шри Ланка, Чешка, Мароко, Џибути, Доминиканска Република, Непал, Перу, Еквадор, Панама, Екваторска Гвинеја, Финска, Нигерија, Гватемала, Унгарија, Индија, Брегот на Слоновата Коска Јордан, Казахстан, Кенија, Косово, Кувајт, Летонија и Либан.
Анкара претходно ги забрани летовите до и од 22 држави, ги затвори училиштата, рестораните и баровите, забрани масовни молитви и ги одложи спортските натпревари.
Во Турција досега заболеа 670 лица, од кои деветмина починаа.