Француското министерство за здравство објави дека во последните 24 часа во земјата починале 112 луѓе како последица од коронавирусот, со што вкупната бројка се искачи на 562 лица.
Министерството соопшти дека во Франција до денеска се регистрирани 14.459 заразени, а ден претходно имаше 12.612 инфицирани.
Од нив, 6.172 се хоспитализирани, а 1.525 лица се во сериозна состојба. Половина од тешките случаи се пациенти под 60-годишна возраст.
Поради ширењето на инфекцијата локалните власти воведуваат проригорозни мерки за движење.