– Епидемијата на коронавирусот до вчера ја предизвика смртта на 450 пациенти (78 дополнителни за 24 часа) и принуди да се хоспитализираат 5.226 пациенти, од кои речиси 1.300 се наоѓат на интензивна нега, јави дописникот на МИА.
-Половина од пациентите кои се наоѓаат на интензивна нега се под 60 години, рече генералниот директор за здравство Жером Саломон, кој предупреди дека епидемијата исто така влијае врз „младите”. Тој исто така објави дека речиси 1.600 пациенти ги напуштиле болниците и се сметаат за излекувани.
Покрај тоа, професор Саломон спомена и „зголемена појава на случаи на анозмија”, пријавена од Националниот совет на специјалистите за грло уста и нос: тоа е „ненадејно исчезнување на мирисот, без назална опструкција ” , рече тој. Во овој случај, „мора да се јавите кај вашиот лекар и да избегнете самолекување без специјалистички совети”.
Професорот Саломон уште еднаш ги повика Французите да ги почитуваат упатствата: да не одат на викенд заради „ризикот од нови контакти” за време на транспортот со автомобил, во воз и на лице место.
Ризикот е во тоа што лицата можат да го пренесуваат вирусот без да знаат дека го имаат од големите градови кон руралните средини, каде има помалку санитарни установи способни да се справуваат со епидемијата.
Според професорот Саломон, досега биле направени 50 000 тестови.